Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Сега е добро да застанете малку и направите пауза – како да шиете убава тоалета која треба да ја пробате и да видите дали ви е точна. Чекорот кон поголема независност се постигнува со разгледувањето на групните напори, затоа внимавајте на нагонот да дебатирате. Приклучете се на тимот во славење.
БИК: Прекрасен ден – добро е да ги цените природните циклуси на природата и да ја ставите својата латентна физичка сила во функција. Нема потреба да сте мрзеливи или самозадоволни, прикажувајќи совршена слика за себе – немаштијата набрзо преминува во изобилство, затоа бидете трпеливи и мудри.
БЛИЗНАЦИ: Иако сакате да се претставите во космополитско светло, нема да можете, барем не денес. Како кога ќе се скрши шише од парфем и ќе го рашири својот мирис наоколу – набрзо ќе изветрее, но сепак ќе остави некакво влијание. Така и вашите зборови и дела ги отуѓуваат саканите од вас. Вразумете се. Одморете.
РАК: Денес се поврзувате со пријателите и ја вложувате својата сила во проекти со повисока цел – поздравете го новиот свет, вклучете ги и останатите! Имате голем шарм и длабока интуиција, а со тоа веќе сте постигнале многу. Нема потреба да откриете што сè ви лежи на ум. Воспоставете нова рутина. Ангажман.
ЛАВ: Продолжувате кон помирни води – се чини сè е во ред и сè е можно. Го потврдувате својот статус на општествен план, но имајте на ум дека ништо не е трајно. Уживајте во своите пет минути и повлечете се при првите знаци на колапс. Како да пеете серенада: мелодијата е убава и заводлива, но не е трајна.
ДЕВИЦА: Располагате со многу тајни информации и потребно ви е време да го извлечете најдоброто од нив. Идеален ден за изучување и тимска работа. Можеби повеќе пријателска? За сега го имате првобитниот изглед на проектите, а набрзо ќе треба да се соочите со конкретни прекројувања. Вие го имате последниот збор.
ВАГА: Ова е ден за официјални настани – направените договори може да се сменат неочекувано, но тоа не треба да претставува проблем, особено ако ја задржите својата умерена природа и објективност. Сега е важно е да бидете амбасадор на добра волја и на тој начин покажете пример како сакате да живеете. Влогови.
СКОРПИЈА: Месечината во Бик ви ја дава потребната отпорност да продолжите и направите нешто во конструктивни цели. Работете во пар или тим – бидете сензитивни за туѓите потреби. Не им се потсмевајте на другите, бидејќи би можеле и самите да бидете исмеани. Поработете на својот сензибилитет и бидете решителни.
СТРЕЛЕЦ: Доаѓате во контакт со некоја влијателна жена, а која ќе ја истакне вашата спонтаност. Сепак, добро е да сте претпазливи, да не претерате и да избликнете како извор на нафта, затоа внимавајте на преголемиот ентузијазам. Може да се случи некој да го злоупотреби тоа. Повлечете се на кратко за да одморите. Мир.
ЈАРЕЦ: Ова е ваш ден и кога работите ви се на дофат на рака. Можеби ќе треба да преземете авторитетна позиција и да ги предводите другите во некој проект, а знајте дека за сега вие сте идеалниот кандидат за тоа. Како да сте претседател на некоја земја – сите гледаат кон вас во исчекување. Бидете умни и истрајте!
ВОДОЛИЈА: Вашиот владетел Уран се движи ретроградно и без оглед на тоа каква слика сакате да прикажете за себе во светот, вистината не може да се сокрие. Вие не сте супермен, за тоа се потребни натчовечки напори, а за сега ја немате потребната волја. Останете фокусирани на целта, дури и ако сте веќе истрошени.
РИБИ: Ако мислите дека Ромео и Јулија е среќна љубовна приказна, ќе доживеете фијаско. Наградите и успесите обично доаѓаат по долги периоди на одрекувања, борби и сепарации. Потоа, низ солзи и смеа сè се заборава и сите рани ќе зацелат. Луѓето се зближуваат тогаш кога и во срцата се блиски. Балансирајте.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ