Харадинај: Бог овозможи да се поврзат Скопје, Приштина и Тирана
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека Бог дозволил секој дел од земјата да биде поврзан, а главниот град на Приштина да биде поврзан со Пеќ, Ѓаковица, Гњилане, Прешево, Скопје и со Тирана.
Харадинај ја даде оваа изјава за време на церемонијата по повод почетокот на изградбата на автопатот Приштина – Гнилиане – Бело Брдо. Тој додаде дека со овој автопат ќе се поврзе Анаморава (Косовската Долина) со источно Косово – општините Прешево и Бујановац.
„Она што денес ме прави особено горд е фактот дека Бог ни даде можност да ги поврземе сите делови на татковината, а Приштина да ја поврземе со Пеќ, Ѓаковица, Гњилане, Прешево, Скопје и Тирана”, рече Харадинај за косовските медиуми.
Министерот за регионален развој и инфраструктура Пал Љекај соопшти дека делницата која е долга 22 км ќе биде изградена за 30 месеци и ќе чини 87 милион евра.