„ФХ3Х“ работела на три од пет филма номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти

Американската филмска академија ги објави филмовите номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во сите категории. Петте номинирани филмови за наградата за најдобри визуелни ефекти се: „Blade Runner 2049“, „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi“, „War for the Planet of the Apes“.

Од Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација „ФХ3Х“ соопштија дека од петте номинирани филмови работела на „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“ и „Star Wars: The Last Jedi“.

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти на пошироката листа беа „Guardians of the Galaxy2“, „Alien Covenant“, „Okja“, „Blade Runner 2049“, „Dunkirk“, „The Shape of Water“, „Star Wars: The Last Jedi“, „Valerian and the city of a thousand planets“, „War for the Planet of the Apes“ и „Kong:Skull Island“.

Од овие 10 официјална номинација добија „Blade Runner 2049“, „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi“, кои ги работела компанијата „ФХЗХ“, како и „War for the Planet of the Apes“.

 

Домаќин на официјалната церемонија на доделување на Оскарите која ќе се одржи на 4 март ќе биде Џими Кимел.