ФИФА ќе му забрани на Манчестер Сити да врши трансфери


Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува да му воведе забрана за трансфери на Манчестер Сити поради кршење на правилата за трансфери на млади играчи од странство. Забраната, за која пишуваат англиските медиуми, би се случила поради Доминик Одуро и Џорџ Дејвис кои изјавиле дека играат за младите „граѓани“ до 18-годишна возраст, што е забрането со правилата на ФИФА.

Претходно, слични санкции беа воведени против Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.