Уставен суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за заштита на приватноста

Уставниот суд на денешната седница оценувајќи ја уставноста и законитоста на три иницијативи, отфрли две, а не поведе постапка по една иницијатива која се однесува на Законот за заштита на приватноста.

Судот не поведе постапка по три одредби од Законот за заштита на приватноста поднесени од Тодор Петров, а се однесуваат на член 1, став 1 зборовите: „извршени во периодот од 2008 до 2015 година“ и став 3 зборовите:„извршени во периодот од 2008 до 2015 година“, член 3, став 1 зборовите:„Оваа одредба не се однесува на разговор или изјава која претставува јавен интерес“ како и по член 5 и член 7 зборовите:„а ќе започне да се применува од 1 јули 2017 година“.

Уставните судии ги отфрлија иницијативите кои се однесуваат на член 4 од Законот за изменување и дополнување од Законот за техничката инспекција, како и од Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија донесен од директорот на Агенцијата за млади и спорт.