Украдени над милион денари од 19-годишник во Скопје


Деветнаесетгодишниот С.Ѓ. (19), вработен во „Спорт Вижн“, вчера излегол од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје и се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот, при што бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари.

МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.