Уапсени 13 Албанци за трговија со дрога преку Македонија, Грција, Италија и Турција
Албанската полиција денеска соопшти дека во соработка со Обвинителството за тешки кривични дела разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји.
Според полицијата уапсени се 13 Албанци, а петмина од групата се веќе в затвор, од кои четворица во Турција и еден во Македонија. Водач на групата бил Мет Канани (56) од Фиер, познат како „албански Ескобар“, кој се наоѓа в затвор во Турција.
Уапсените се на возраст од 23 до 58 години.
Оваа криминална група се сомничи дека во последните две години прошверцувала осум тони марихуана произведена во Албанија, а која била запленета во Грција, Македонија, Италија и Турција, како и хероин шверцуван од Турција и кокаин од Јужна Америка, кои преку Албанија завршувале на нарко пазарот во западно европските земји.
Хероинот „патувал“ на релација Турција-Грција-земјите на ЕУ, како и Турција-Македонија-Албанија-
Обинителката Елисавета Имерај изјави дека во текот на истрагата биле разменувани информации со властите на Турција, Македонија, Грција и Италија и со посредство на ДЕА и СЕЛЕЦ.