Тања Царовска и Бранислав Николов со Филхармонија ќе пеат песни од Ник Кејв, „Портисхед“, Бјорк…

Следејќи ја традицијата Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените, на 14 февруари, подготвува несекојдневен музички настан.

Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш.

Песните се во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин, а вокалисти ќе бидат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на Фолтин).

Од денеска во продажба се пуштени и влезниците за овој музички настан и се по цена од 800 и 1000 денари. Можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, a во сабота од 10 до 14 часот.