Тамара го покажа синчето Дарен
Поп-ѕвездата Тамара Тодевска (33) пред пет дена се породи со второто дете-синот Дарен. Среќната мајка ја напушти приватната болница во Скопје и замина дома. Со сопругот Александар ја имаат и ќерката Хана.
Пред да се породи, пејачката беше активна трудница, па покрај одморите со најблиските, таа често настапуваше, а и ја издаде и својата нова песна „Довидување таго“. Исто така гостуваше во неколку емисии промовирајќи ја песната.