Струмица: Десет компании ќе вршат дополнителни мерења на загадувањето


Инспекторот за животна средна при општина Струмица извршил досега 19 контроли кај повеќе компании во Струмица за да се утврди дали и колку го загадуваат воздухот во градот. Посебни контрола се вршат и се уште се вршат на инсталацијата која што служи за затоплување на работните простории, односно, дали притоа се користи отпад што е забрането согласно важечките законски прописи.

– Досега се извршени вкупно 19 контроли. Десет правни субјекти, најголем дел од текстилната и прехранбената индустрија, се задолжени во одреден рок да извршат мерења во соодветни и лиценцирани лабаратории за емисијата на штетни гасови во воздухот, по што повторно ќе бидат исконтролирани од страна на инспекторот за животна средина. Кај девет правни субјекти не се констатирани неправилности, информираше денеска Александар Оџаков, секретар на општина Струмица.

Тој додаде дека согласно овластувањата и надлежностите општина Струмица продолжува со контролите кај сите потенцијални загадувачи во градот