Средба со Влатко Стефановски во книжарницата „Литература.мк“

Гитарската легенда Влатко Стефановски вечерва ексклузивно ќе гостува во „Астрорум“. Неговата средба со уредникот Бранка Костиќ-Марковиќ е закажана во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ и е од отворен карактер, што значи дека сите вљубеници на музиката на Стефановски ќе можат да присуствуваат на неа и да го купат албумот „Мајчин јазик“ со потпис на авторот.

По двата концерти одржани на 17 и 18 март, утревечер е закажан третиот концерт во Македонска филхармонија.

„Мајчин јазик“ е 35-от албум на Стефановски, снимен во април 2017 година, а публикуван од „Кроација Рекордс“. Доаѓа три години по последниот албум „Сеир“ и донесува девет инструментални верзии на македонски народни и авторски песни, но и некои други популарни теми, како од опусот на „Леб и сол“ и „Бијело дугме“. Бонус песната, воедно и единствената вокална композиција на албумот е „Море сокол пие“, којашто Стефановски ја изведува заедно со Раде Шербеџија.

Албумот „Мајчин јазик“ има и антологиска насловна страница којашто има голема емоционална вредност за Стефановски – фотографија од доцните 1940-ти години на минатиот век од неговата мајка Нада во улогата на Маша во драмата „Жив леш“ на Толстој.