Србија со лаптопи ќе прави попис во 2021
Србија ќе спроведе нов попис на населението од 1. до 30. април 2021 година, планира Републичкиот завод за статистика на Србија. По неколку месеци ќе следи и попис на земјоделството. Пробен попис на населението е најавен за април 2019 година, и за оваа статистичка операција во Србија ќе бидат ангажирани 85 попишувачи кои ќе треба да попишат 50.000 жители.
На следниот попис во Србија нема да се користи хартија и пенкало, туку податоците ќе се собираат во електронска форма, со лаптоп компјутери, беше најавено на Меѓународната конференција за пописот во Белград.