Сончево, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните планински делови ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 17 до 33 степени.
Локална нестабилност ќе има и в сабота околу пладне, претежно во западните и североисточните делови. Ново дестабилизирање на времето се очекува во вторник кон среда.