Се полни Петроварадинската тврдина: Синот на Боб Марли доаѓа на фестивалот „Егзит“

Осумкратниот добитник на наградата „Греми“, Зиги Марли, кој важи на јамајски реге-крал доаѓа на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија. Тој е наследник на најголемата икона во реге-музиката Боб Марли, и иако неговата големина е недопирлива, Зиги во континуитет го докажува талентот. Неговото вистинско име е Дејвид Неста, а неговото уметничко име Зиги го позајмил од псевдонимот на Дејвид Боуви.

Тој го зголеми семејното музичко творештво на 27 албуми и рекордни осум награди „Греми“. Се чини нему му тргна од рака, како на ниеден друг реге-изведувач претходно.

Зиги се смета за неприкосновена инкарнација на јамајската музика, а покрај тоа ја води и големата хуманитарна организација U.R.G.E. која им помага на децата од Јамајка и од Африка.

Покрај него, на фестивалот доаѓаат и актуелната кантри-рок ѕвезда Алис Мертон, хитмејкерот Џакс Џонс, популарните рок-хаус дуото „Офенбах“, ориенталниот хаус-маг Махмут Орхан и сопственикот на клупскиот хит Бурак Јетер.

На тврдината ќе настапат и жестоки бендови, како што се американскиот рап-хардкор состав „Дог ит дог“, новите британски панкери без влакна на јазикот „Слејвс“, легендарниот германски хеви-метал „Грејв дигер“, бостонците „Слапшот“, бристолските панк-бруталисти „Ајдлс“, живата метал-икона „Афикс“, најголемиот трибјут-бенд на „Моторхед“, „Бомберс“, и многу други кои ќе ја креваат прашината на бините „Фјужн“ и „Експлозив“.

Откако „Егзит летото на љубовта“ собра четири фестивали во низа, годинава „Егзит слобода 2018“ ќе биде уште поголем фестивалски потфат бидејќи го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји: „Егзит“, „Фестивал 84“, „Си стар“, „Револушн“ и „Си денс“.