Се ожени Ед Ширан

Популарниот пејач Ед Ширан се ожени со неговата девојка со која заедно се од детството Шери Сиборн, на тајна церемонија пред Божиќ, јавуваат странските медиуми.
Малата церемонија се одржала на имотот на Ширан во Сафолк, покрај неговите планови да изгради нова капела.
Извор близок до пејачот за The Sun вели дека Ширан на церемонијата ги поканил само најстарите другари од училиште и неколку членови на семејството.
„Тој сакаше да биде нешто само за нив – мала зимска венчавка“, на која присуствувале само 40 луѓе
Поп ѕвездата лани рече дека двајцата носат прстени „за никој да не знае кога ќе се венчаме“.
Ширан ја објави свршувачката со Сиборн на Инстаграм во јануари лани.
Под објавената фотографија тој напиша: „Си добив вереница пред Нова година. Многу сме среќни и сме во љубов, дури и нашите мачки се возбудени“.