Се враќа на клупскиот фудбал: Халилхоџиќ си оди од Јапонија по СП 2018


Вахид Халилхоџиќ најави дека планира да се врати во клупскиот фудбал. Во гостување на француското радио „Франс 3“, искусниот тренер изјави дека ќе замине од кормилото на репрезентацијата на Јапонија по Светското првенство во 2018 година, а како негова потенцијална дестинација се споменува Лил кој оваа сезона го очекува борба за опстанок во Лига 1.

Тренер на екипата е Марсело Биелса, но тешко е за верување дека Аргентинецот ќе остане на позицијата по завршување на сезоната, нагласуваат медиумите во Франција.

Лил не е непозната средина за Халилхоџиќ. Тој работеше со тимот од „Пјер Моро“ од 1998 година до 2002 година, период во кој го внесе во француската елита и учествуваше во Лигата на шампиони. Потоа беше ангажиран и во Рен, ПСЖ, Трабзонспор, Итихад, селекцијата на Брегот на слоновата коска и во Динамо Загреб.

По заминување од „Максимир“ го прифати понудата за водење на репрезентацијата на Алжир, во 2015 повторно се врати во Трабзонспор, а моментно е селектор на Јапонија со која ќе игра на мундијалот во Русија.