Светската атракција „Fire of Anatolia“ на 12 март во Скопје

Легендарната турска танчерска група „Fire of Anatolia“ со нивното спектакуларно шоу на 12 март ќе настапи во Вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Fire of Anatolia“, со потекло од митолошката и културната историја на Анадолија, е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија.

„Fire of Anatolia“ ја почнува својата прва светска турнеја во 2002 година од Нов Зеланд, па до Америка, од Сибир до Бахреин, од Оман до Јужна Кореја, исто така и во Германија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Белгија, Карибите, Мексико, Русија, Кина. Шоуто било гледано од 40 милиони гледачи во 4.000 изведби во 98 земји (во повеќето земји имало и повеќе од еден настап).

„Fire of Anatolia“ има свои танцови академии, во кои се одржуваат часови по танц во Истанбул, Анкара, Анталија и Газиантеп.