САД: Словенија да бира меѓу Западот и Москва
Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли изјави за љубљанскиот неделник „Репортер“ дека е зачуден од благите реакции на официјална Љубљана по „случајот Скрипал“ и порача оти тамошните власти мора да донесат долгорочна проценка што е нивен интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество. Хартли е изненаден што Словенија не им се придружи на мнозинството членки на ЕУ и сојузници во НАТО, кои се солидализираа со Велика Британија и протераа руски дипломати поради проценката оти Русија е вмешана во труењето на поранешниот двоен шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери.
„Русите покажаа дека се подготвени на делување кое ја дестабилизира Европа и другите региони во светот. Од голема важност е меѓународната заедница да и упати порака на Москва дека таквите постапки се потполно неприфатливи“, рече Хартли.
На прашањето за наводната наконетост на Словенците спрема Русите, напомена дека е свесен за тоа и го шокира „проруската ориентација на поголемиот дел Словенци“.
За разлика од поголемиот дел членки на ЕУ, Словенија одби да протера руски дипломат со образложение оти нема доволно докази за руска вмешаност во „случајот Скрипал“.