Рама ја поддржа претседателската кандидатура на Ѓукановиќ
Албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија Еди Рама ја поддржа кандидатурата на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ на претседателските избори во Црна Гора.
Радио-телевизија Црна Гора цитира соопштение на ДПС во кое се наведува дека Рама оценил оти се работи за „ јасен проевропски избор кој гарантира понатамошна стабилност и напредок на регионот“.
Според Рама, Албанија има одлични односи со Црна Гора.