Путин и Ердоган договорија создавање демилитаризирана зона во Идлиб
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска на средба во Сочи се договориле за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб долж линијата на фронтот меѓу бунтовничките сили и единиците на сириската армија.
Според договореното, зоната ќе биде широка 15 до 20 километри и ќе се простира по целата должина на фронтот. Се очекуваа оваа зона и официјално да биде воспоставена до 15 октомври, а руски и турски војници ќе бидат испратени да патролираат долж неа.
Путин најави дека до 10 октомври од оваа зона ќе биде повлечено целото тешко вооружување на сириската армија, а дека Русија ќе бара повлекување на сите исламистички групи и од зоната, пред се на фронтот Ал Нусра.
По средбата Путин-Ердоган, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека нема да има нова воена операција во Идлиб.
Неколку недели, сириските, руските и иранските сили најавуваат освојување на оваа зона, во која се смета дека живеат три милиони луѓе и која е под контрола на бунтовнички групи, вклучително и исламисти. Турција бараше од Русија и Иран да ја откажат офанзивата, која е во своите првични фази.
Путин денеска најави дека разговорите со Ердоган овозможиле да дојде до сериозен напредок во решавањето на проблемот со исламистичките групи во Идлиб.