Просечната плата во ноември 24.548 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24.548 денари и бележи раст од 5,8 отсто во однос на ноември претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации  за 19,2 отсто, рударство и вадење камен  за 18,6 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен  за 5,6 отсто,  други услужни дејности 5,5 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување 3,5 отсто.

Просечната месечна  бруто-плата по вработен во ноември 2018 година изнесува 36. 017 денари.