Просечната плата во ноември 23.196 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември минатата година изнесувала 23.196 денари, и е повисока за 3,6 проценти споредено со ноември 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: преработувачка индустрија за 8,9 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 8,7 проценти и земјоделство, шумарство и рибарство за 7,6 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври 2017. статистиката регистрирала во секторите: уметност, забава и рекреација за 15,8 проценто, транспорт и складирање за 5,9 проценти и стручни, научни и технички дејности за 4,3 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2017 година изнесувала 34.079 денари.

Во ноември лани, 1,1 процент од вработените во Република Македонија не зеле плата.