Пронајдени седум златници во сеф на МПМ


Пред неколку дена, во заклучен сеф, сопственост на Медиа Принт Македонија, според неофицијално сознанија до кои дојде правосудство.мк биле пронајдени седум златници со ликот на Гоце Делчев и уште еден помал златен предмет за кој се верува дека е беџ за ревер.
Нашите сознанија велат дека сефот, наводно, бил пронајден во книговодствена фирма, но со оглед на тоа што никој не поседувал клуч од сефот било одлучено тој да биде отворен со апарат за заварување.
Сефот бил на сила отворен, а во него биле пронајдени златниците и значката. Пронјаденото, уредно и комисиски било заведено, но не е познато дали и златните оредмети ќе станат дел од стечајната маса.
И покрај сите наши напори не успеавме да дознаме кој е можниот сопственик на седумте златници и која е нивната грамажа.
Инаку, за в среда е закажана првото аукциско наддавање на движен и недвижен имот, сопственост на МПМ.