Пролетните вртоглавици не мора да се лекуваат

Вртоглавиците од почетокот на пролетта се еден од најчестите симптоми причинети од промената на годишното време. Променливата надворешна температура и атмосферскиот притисок се главниот прекинувач кој почнува да ја врти „вртелешката“ во глава. Но, до тоа може да доведе и наглото зголемување на физичката активност, како и промените во хормонскиот статус, исхраната, а неретко и анемија и скок или опаѓање на крвниот притисок.

Вртоглавиците, малаксаност и умор се типични симптоми на доаѓањето на пролетта и не мора да се лекуваат. За да се избегнат, најважна е умереност во сѐ, проверка на крвната слика и редовно мерење на крвниот притисок. Но, ако вртоглавиците се проследени со мачнина и повраќање, неопходно е да се посети лекар.

„Вистинските“ вртоглавици се последица на нарушувањето или заболувањето на сетилото на рамнотежата кое се наоѓа во внатрешното уво и кое е област на лекување на оториноларингологот. Таквите вртоглавици се проследени со чувство на вртење, како и со несакани ритмички движење на очните јаболчници, мачнина со повраќање или без него, а често и со чувството на страв од паѓање или губење на свеста. Речиси секогаш ги влошува наглото свртување на главата.

Вртоглавиците секогаш траат ограничено време, неколку секунди, минута, часови или денови. Најчеста е т.н. положба на вртоглавицата, која претставува безопасно нарушување на сетилото за рамнотежа и се карактеризира со краткотрајна вртоглавица која настанува по наглата промена на положбата на главата, најчесто при легнување во креветот, свртување и зафрлување на главата или наведнување. Епизодите на таквите вртоглавици траат околу 15 секунди.