Приведен уште еден од групата на Нинџа за „крвавиот четврток“ во Собранието


Уште едно лице осомничено за настаните од 27 април во македонското Собрание е приведено.

Според обвинителството, станува збор за Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница.

 

На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Додевски, според сомненијата е едно од оние лица кои маскирани влегоа во Собранието на „крвавиот четврток“.

Покрај него, со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.