Правосудство.мк: Истрагата за злоупотребите со земјоделските субвенции тапка во место


Кривичната истрага за сторените злоупотреби со субвенции во земјоделството како да тапка во место. Имено, по точно пет месеци од обелоденувањето на овој финансиски скандал за кој се сомничат 24 лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран кримиунал и корупција се уште има отворена истрага и барем засега е тешко да се претпостави кога ќе биде поднесено обвинение, пишува Правосудство.мк.

Од обвинителството за „ПРАВОСУДСТВО.МК“ потврдуваат дека „надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција активно работи на предметот за кој покажувате интерес“ и дека дваесет и двајцата осомничени дале исказ пред Јавен обвинител, но дека преостанатите двајца, инаку странски државјани, ќе бидат сослушани со примена на таканаречената меѓународна правна помош. Оттаму потврда дека во моментов се врши распит на лица кои се јавуваат во функција на сведоци.

„Од крајот на декември, минатата година, за осомничените на кои им беа изречени мерки куќен притвор сега се заменети со мерки на претпазливост, а за останатите изречените мерки на претпазливост се продолжени“, се вели со краткиот одговор на Обвинителството, а којшто, првенствено требаше да биде насочен кон текот на кривичната постапка.

Повеќе прочитајте тука.