Почеток на крајот на Вуди Ален

Светските медиуми на големо пишуваат за сексуалната злоупотреба во Холивуд и секојдневно нови имиња од филмската индустрија се на тапен од јавноста. Послендите случувања се вртат околу познатиот режисер и актер Вуди Ален (82). Неговата посвоена ќерка Дилан Фароу уште во 2014 година јавно кажа дека тој сексуално ја злоупотребувал уште кога имала седум години. Конечно, се чини дека нејзините изјави почнаа да ги сфаќаат сериозно.

Аферата за продуцентот Харви Вајнстин зема голем замав, а жените од филмската индустрија во САд с епогласно зборуваат за злоупотребите со кои се соочувале. Иако, досега имаше случаи каде што се премолчуваше, по аферата „Вајнстин“ климата е целосно променета во корист на жртвите.
Ќерката на Ален, неодамна даде интервју за Си-Би-Ес и таму говореше за она што го преживеала додека била млада, само ден потоа, следуваа првите реакции.

Ребека Хол и Тимоте Чаламе кои глумат во последниот филм на Вуди Ален „A Rainy Day in New York“ кој е во постпродукција изјавија дека се каат поради соработката со него и дека хонорарите од филммот ќе ги донираат. Следуваа реакции и од Натали Портман, Рејчел Броснан, Елен Пејџ, Мира Сорвино, Грета Гервиг, Рис Витерспун, Шода Рајмс, Колин Фирт и други, кои најавија дека никогаш повеќе нема да соработуваат со него и повикаа на бојкот од страна на останатите актери и актерки.

Нивниот потег е толку одлучен што не оставија простор од останатите колеги да застанат во негова одбрана. Случајот со Вајнстин отвори нови сериозни обвинувања и за Кевин Спејси, а сега и за Вуди Ален. Досега во пракса ваквите обвинувања и сведочења од жените, независно дали се од филмската индустрија не беа сфаќани толку сериозно.

Конкретно Ален, претходно двапати се извлече од ваквите обвинувања, прво за ќерката Дилан која ја има посвоено заедно со тогашната сорпгуа Миа Фароу. Случајот заврши на суд, но тогаш режисерот тврдеше дека позади таа „хајка“ стои Миа, бидејќи тогаш тој започна врска со Сун Ји, ќерка исто така посвоена од Миа Фароу.

Фароу и Ален се разведоа во 1992 година во прилично мачна постапка, а пет години подоцна тој ја ожени Сун Ји. Обвинението од Миа против Вуди за сексуалното вознемирување на Дилан беше отфрлено од страна на судот и се беше во мирување се до 2014 година, кога Дилан повторно проговори. Таа тогаш испрати отворено писмо до „Њујорк Тајмс“ каде што ја раскажа својата страна на приказната.

Тогаш Ален изјави: „Учењето да се мрази својот татко и да верува дека ја злоупотребувал влијае на психата на оваа млада жена“.
Тоа време во САД никој не сакаше јавно да коментира за туѓите животи и не се говореше толку гласно за злоупотребата на децата, па режисерот повторно се извлече.

Меѓутоа, ќутењето повеќе не е во мода, па така, се повеќе жени почнуваат да ги споделуваат своите трауми гласно, па дури и на социјалните мрежи. Во меѓувреме Селена Гомез се соочува со голем притисок да проговори за нејзиното искуство додека соработуваше со Вуди Ален. Светските медиуми прогнозираат дека сега пострашно е да не прговориш отколку да преќутиш за „мир во куќа“. Со сите овие написи и јавни настапи против славниот режисер се чини дека е почеток на крајот на една режисерска блескава кариера.