Помпео: Мадуро е болен тиранин, неговите денови се одбројани


Ќе најдеме начин храната да стигне до луѓето на кои им е потребна, порача Помпео.

Американскиот државен секретар Мајк помпео одлуката на претседателот на Венецуела, Никола Мадуро да ја спречи доставата на хуманитарна помош на таа земја, ја нарече потег на „болен тиранин“.

Тој во интервју за CNN рече дека САД ќе преземе акција за да изврши притисок врз Мадуро, откако загинаа неколку луѓе во судирите со војската, која, како што се наведува, ја блокирала хуманитарната помош да пристигне во земјата.

„Ќе бидат воведени посилни санкции. Мислам дека можеме да обезбедиме и повеќе хуманитарна помош. Ќе најдеме начини храната да стигне со луѓето на кои им е потребна“, рече Помпео.

Додаде дека доколку војската на венецуела, која ја поддржува Мадуро, почна да го штити народот, „се случија добри работи“, меѓу кои и обновата на богатствата на земјата.
„Убеден сум дека народот на Венецуела ќе направи деновите на Мадуро да се одбројани“, рече Помпео.