Плажа
ЛЕЈЛА САБИТ
Совршено место за несовршено тело и незгоден карактер.
Повеќе ни ги открива мааните отколку доблестите.
Освен изгледот, топ-формата, и културата на однесување и манирите.
Плажата не тера да се доведеме во ред или да го потенцираме нередот.
Да внимаваме на ставата или да се препуштиме на хедонизмот.
Да се дотераме или стилски да се опуштиме.
Да молчиме со книга или да дигаме врева со досетки и играње табла.
Да се печеме на сонце без да влеземе во вода.
Само да пливаме без да размислуваме за бронзен тен.
На плажа може да доживеете се или ништо.
Да бидете среќни или да се разочарате.
Да го најдете мирот или причина за кавга.
Да процените дали партнерот ви одговара или вистинските пријатели се околу вас.
На плажа може да изгорите и медуза да ве запече.
Да ве фати грч во вода или да ве искасаат комарци.
Да ве изритира зрнце песок или газење по песок со високи потпетици.
Сезоната на одмори е во полн ек.
Бегате од познати, а наидувате баш на нив!
Уживајте во летото со сите маани, не чека неизвесна есен!