Пакистан го затвори својот воздушен простор поради конфликтот со Индија
Пакистан го затвори денеска својот воздушен простор поради опасност од поголем конфликт со соседна Индија, соопштија Управата за цивилно воздухопловство и воени претставници во земјата.
Пакистанската Управа за цивилно воздухопловство (САА) потврди дека „официјално е затворен воздушниот простор до следната наредба“, а одлуката е донесена „поради ново создадената ситуација“. Сите авиокомпании се информирани за „прекин на летовите до нова наредба“.
Исто така, и индиските воздухопловни власти затворија најмалку пет аеродроми, а десетици летови се откажани.
Пакистанските вооружени сили денеска соборија два индиски воени авиона, за кои се тврди дека навлегле во воздушниот простор на Пакистан.