Од утре попладне високи температури и пороен локален дожд


Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи температури, најавува од утре попладне УХМР.
В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота.
Утринските температури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 до 37 степени.
Најтопло ќе биде в сабота, со температура од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.