Нов протест на „жолтите елеци“ во Париз
Илјадници лица денеска маршираа ширум Франција и Париз, а десетици се приведени за време на 15. последователен викенд протест на „жолтите елеци“ против политиката на Владата.
Ширум земјата протестираа околу 11.600 демонстранти, додека во престолнината околу 4.000, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На социјалните мрежи беа упатени апели денешниот протест да мине во мирна атмосфера, а еден од протестните собири е против антисемитизмот. Екстремистичките ставови на дел од демонстрантите доведоа и до антисемитистички навреди упатени кон познатиот филозоф Ален Финкелкрот.
Протестите започнаа во ноември минатата година против данокот на гориво, но се проширија против целокупната економска политика на претседателот Емануел Макрон, за која тврдат дека ги фаворизира богатите луѓе.