Не е Гучи, ниту Версаче: „Фешн нова“ е најбаран бренд на „Гугл“


САД – Брендот, кој лани беше на четврто место како најпребаруван бренд на „Гугл“, годинава се искачи на прво место. Модните парчиња на брендот ги носат ѕвездите како Карди Би и Кајли Џенер, а многу други брендови ги копираат.

На второ место на листата е „Луј Витон“, па „Версаче“, „Живанши“, „Гучи“, „Александер Меквин“, „Долче и Габана“, „Фешнфајл“, „Диор“ и „Москино“.