Молотов коктел врз џипот на Љупчо Тодоровски – Радникот
До раните претпладневни часови траеше полицискиот увид откако во раните утрински часови непознати лица, во непосредна близина на TЦ „Три бисери“, во населбата Аеродром во Скопје, фрлиле запаллива направа врз теренско возило за кое се верува дека е сопственост на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски – Радникот.
Според првичните неофицијални сознанија до кои, на местото на случување, дојде правосудство.мк, наводно врз џипот „Нисан Навара“ ( СК- 500 – УК) бил фрлен „молотов коктел“, но дали навистина се работи за таков вид запаллива направа и дали навистина џипот е на пензионираниот полициски директор ќе треба да потврдат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, Љупчо Тодоровски – Радникот, долги години ја обавуваше функцијата директор на Бирото за јавна безбедност за време на претходната власт, а се занимаваше и со научно-наставна работа на Факултетот за безбедност.