Масовна тепачка на белградското дерби Партизан – Црвена звезда (ВИДЕО)


Големото дерби меѓу „лутите“ белградски ривали Партизан и Црвена звезда, кое заврши без победник 1-1, мина во знак на масовните тепачки на трибините каде се наоѓаа симпатизерите на црно-белите.

До инцидентот дојде во моментот кога околу 50-тина навивачи на Црвена звезда почнале да ги кинат транспарентите на „гробарите“, при што навивачите на Партизан веднаш физички се пресметале со „делиите“.

Како што информираат спрпските медиуми, во тепачката настрадале повеќе „гробари“, кои биле спасувани од специјалната полиција, а дел од нив покрај тоа што биле претепани и соблечени до гола кожа, имале и изгореници од запалените факели.

Повредени се над 17 навивачи, се уште не се знае точната бројка, бидејќи сите екипи се уште не се вратени од теренот. Едно момче кое е во животна опасност итно е префрлено на реанимација на Воено медицинската академија, изјави портаролката на Брзата помош, Нада Мацура.

Тепачката која траеча 10-тина минути била спречена од страна на полицијата, која од стадионот отстранила неколкумина навивачи.