Македонците повеќе летале со авион отколку што се возеле со воз

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 11,8%, во градско-приградскиот превоз е намален за 5,5%, во железничкиот превоз за 23.6%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 19,5%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 0.7%, во градско-приградскиот превоз за 21,1%, во железничкиот превоз за 3,1%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен 39,4%.

Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 5,2%, во воздухопловниот превоз за 10,2%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 1,4%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 21,5%, во воздухопловниот превоз за 7.6%, додека во железничкиот превоз е намалено за 21,1%