Магазин Гламур: Топ 5 мажи со најстил за 2017


АНГЛИЈА- Магазинот „Гламур“ ги избра топ 5-те мажи со најстил од шоу-бизнисот за 2017 година. Избраните се препознатливи по елегантниот, но и по разиграниот стил.

На прво место е актерот познат по улогата од хит-филмовите “Педест нијанси сиво“- Џејми Дорнан. На второ место е Хари Стајлс, кој ги освојува фановите со првиот самостоен албум, но прави обиди и на филм. На трето место е Зајн Малик, кој исто така, како и Стајлс, по распаѓањето на “One Direction“ тера успешна самостојна кариера, а познат е по дуетот со Тејлор Свифт. Знае да биде стилизиран и во костум и во лежерна варијанта. На 4. место е британскиот актер Том Хидлстон, кој многумина сакаат да го видат како идниот Џејмс Бонд. На 5. место е британскиот актер Лјук Еванс.