Лозано има радиски поп хит за 2017


„Ова лето ќе се памти“ на Лозано е апсолутен радиски поп- хит за 2017

„Ова лето ќе се памти“ на Лозано е апсолутен радиски поп- хит за 2017, избран синоќа во МОБ во Скопје, на јубилејното, 10-то издание на МАРС – Македонскиот радиски фестивал 2017, манифестација која цела една деценија ги вреднува и наградува најпопуларните македонски поп хитови во тековната година преку таканаречената радиоселекција, која ја вршат над 30 национални, регионални и локални радиостаници во Македонија. Лозано се закити и со наградите Радиски хит изведен од машки вокал и Најдобар текст на песна.

Ања Ветерова со „Рам Бам Бам“   ја освои наградата Ѕвезда што се раѓа, Димитар и „Тајфата“ со „Остани“  е Радиски Хит со Етно Мотиви, Сара Мејс со „Небо“  има Радиски Диско хит, „Дојди“ на Викторија Лоба  е Радиски Поп хит, ДНК со „Невозможна мисија“ има Ар Ен Би хит, Кристина Арнаудова со „Љубена“  има Најдобра Радиска балада, Теа и Панчо со „Рушевини“ ја освоија наградата Партнерство за Хит, „Ај Кју“ со  „Мојот крал“  има Радиски Хит изведен од група, Наташа Малинкова со „Хеј мама“ има Радиски Хит изведен од женски вокал, „Некст тајм“ со  „Слушам кај шумат шумите“ има  Најдобра преработка.  Групата „Меморија“ беше изненадување на вечерта. Тие добија награда за трајни музички вредности.