Кувелис: Од Скопје зависи дали ќе има решение


„Не можам да кажам кога ќе има конечен договор затоа што случајот сега е веќе кај Скопје“, изјави алтернативниот министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис, во интервју за грчката држава ЕРТ.

Тој рече дека Грција, преку Никос Коѕијас, ги доставила грчките позиции и условите за суштинско решение, а сега одлуките треба да ги донесе Скопје.

„Ако ме прашате дали можам да одредам конечен датум, дали ќе се постигне договор, ќе ви кажам дека не можам да дадам и не можам да кажам, затоа што случајот сега веќе се наоѓа кај ПЈРМ“, додаде Кувелис за ЕРТ.