Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски во Музеј на град Скопје

Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски ќе се одржи вечерва во Музеј на град Скопје, во рамки на 41-вите Денови на македонската музика.

На концертот Кокан Димушевски ќе се претстави со своите најнови остварувања на полето на електроакустичната музика, меѓу кои се и композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура на Македонија.

Кокан Димушевски заедно со композиторката Дарија Андовска е добитник на наградата „Панче Пешев“ за 2017 година.

Фестивалот 41-ви Денови на македонската музика се одржуваат од 22 март до 5 април во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).