Кан
ЛЕЈЛА САБИТ
Животот не е филм.
Славата не е вечна.
Секој што е млад, ќе стане стар.
Да си ѕвезда, не значи и среќа.
Успехот не носи секогаш пари.
Јавноста значи и губење приватност.
Црвениот килим си има цена.
Не можете да избегате од папараци, ви ги бројат брчките и ви ги критикуваат фустанот и костумот.
И Кан без славни личности е обичен град.
Со богати и сиромашни граѓани и со љубопитни туристи.
Со бесни коли, скапи јахти, обични и брендирани продавници и џипси свадби.
Со ненападна архитектура и старински хотели.
Мириса нa море, а не на парфеми.
Кафето е 2,5 евра, со поглед во далечина и палми.
И Скопје го прават луѓето и спомените, а не спомениците, парите и моќта.
Од врвот можеш да стигнеш на дно и паѓањето многу боли.
Од дното можеш да се искачиш на врвот, ама никој не те познава.
Убавите кафе и храна и насмеани келнери ги собираат гостите, а не само газдите.
Убави жени ќе сретнеш низ центарот и на гала настаните како старлетите по Кроазета и плажите на Кан.
Зачестија Поршеата по скопските улици, а (сеуште) јахтите ни се укотвени во соседството.
Уживајте неделава во гламурот на Канскиот филмски фестивал.
На гламурот во Скопје ќе почекате освен ако не сте поканети на гала забави од затворен тип!