Изложба со дела од современи хрватски автори во Куманово

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена – Ликовен круг „Похижек“.
Изложбата се реализира во организација и соработка на Домот на култура „Кочо Рацин “ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. Македонија и Центарот за култура „ Трајко Прокопиев “ во Куманово.

– Станува збор за дела од колекцијата на Стјепан Похижек, кој низ годините има собрано преку 3.000 дела купено или пак добиено на подарок од бројни академски сликари, уметници, но и од уметници аматери. Уметниците, нивните слики и Похижек го формираат „Ликовниот круг Похижек“. Од фундусот на собраните слики Похижек подготвува изложби со цел промовирање на хравтските уметници и уметноста воопшто. До сега има подготвено преку 50 изложби во Хрватска и во земјите на Европската Унија, информира вд. Директорот на кумановскиот Цнетар за култура Роберт Цветковски.

На изложбата ќе бидат презентирани дела од: Живко Топлак, Бранка Копети, Марија Чукељ, Маја Вукина Боговиќ, Стјепан Шандрк, Николина Шимуновиќ, Марија Галиќ, Ѓуро Седер, Данко Фришќиќ, Драган Милошевиќ, Јосип Рубес, Петер Велц, Владо Туѓа, Данијел Жабчиќ, Золтан Новак, Јосип Земан, Тончи Адулмар, Ирис Бондора Дворник, Игор Рончевиќ, Дубравка Бабиќ, Далибор Јелавиќ, Предраг Гол и Бруно Маскарели.