За првпат во седум години: Локални избори во Сирија


Во Сирија денеска се одржуваат првите локални избори по 2011 година на кои се очекува дека кандитатите на владејачката партија БААТ ќе ја однесат победата.

На изборите повеќе од 40.000 кандитати се натпреваруваат за 18.478 пратенички места, како што соопшти Минстерството за локална самоуправа.

Ова се први локални избори од почетокот на граѓансаката војна во земјата, а се одржуваат на поголема територија за разлика од претседателските избори во 2014 година бидејќи Владата во меѓувреме поврати поголем дел од територијата.

Изборите не се одржуваат во курдскиот регион чии лидери бараат федерална Сирија во која Дамаск би ја почитувал нивната автономија.