Заев ќе се „брани’ пред полноќ, Димовски последен говорник од ВМРО-ДПМНЕ?
Премиерот Зоран Заев ќе биде последниот говорник на собраниската седница за интерпелацијата против Владата која е во тек.
Се очекува тој да се обрати пред 23.30 часот, затоа што на полноќ пратениците треба да гласаат „за“ или „против“ прашањето за доверба во Владата што го покрена опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заев ќе има на располагање 30 минути за да се одбрани од опозициските критики.
„Независен весник“ дојде до списокот на пратеници кои се пријавени за дискусија на денешната седница. Меѓу пријавените дискутанти ги нема имињата на дел од поискусните и поекспонирани кадри од редовите од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНе Илија Димовски, кој не е запишан на списокот на говорници, ни изјави дека е планирано тој да ја има последната дискусија како претставник на опозицијата.
Според списокот на дискутанти што ги пријавиле парламентарните партии, како последен говорник од ВМРО-ДПМНЕ е запишана пратеничката Лилјана Затуровска. Сепак, останува отворена можноста пратениците кои не се пријавени за дискусија да се јават за реплика. Илои евентуалноеден говорник да биде заменет со некој од своите сопартијци.