ЕЛЕМ: Новото раководство го надмина планот за производство на струја


Новото раководство на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) не само што го постигна, туку и го надмина планот за производство на електрична енергија, подготвен од Управен одбор на поранешниот директор на копанијата и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Тоа го наведува АД ЕЛЕМ во реакцијата на обвинувањата за намалено производство на електрична енергија и споредбата помеѓу 2016 и 2017 година искажани од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

– И покрај испразнетите акумулации во хидроелектраните, повеќе од една година оставен во неисправна состојба генераторот во „Козјак”, празните депонии за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј, промашената модернизација на двата котли во РЕК Битола, ниту започнатите ремонти на теремоенергетските капацитети до август 2017 година, а притоа веќе направен увоз на електрична енергија од седум милиони евра во периодот на раководењето на Мицковски, 2017 година новото раководство на АД ЕЛЕМ ја заврши со производство на електрична енергија од 4.105 GWh, што е пет проценти повеќе од планот направен од Мицковски на почетокот на 2017, стои во реакцијата на АД ЕЛЕМ.