Две лица прободени со нож при тепачка во Велешко


Две лица биле повредени со убодни рани во тепачка со нож што се случила синоќа во велешко Горно Оризари. На повредените им е укажана медицинска помош во Општата болница Велес по што се пуштени на домашно лекување, а лицето кое употребило нож е приведено.

Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 21:30 часот во село Горно Оризари, по претходна расправија настанала тепачка помеѓу А.К.(36), Х.К.(19) и С.К.(43) од село Горно Оризари, при што во еден момент А.К. извадил и нож. Во Општа болница Велес кај Х.К. и С.К. биле констатирани повреди, а А.К. бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.