Дачиќ: Нема никакво тргување со ЕУ поради членство


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека од страна на Србија нема никаква тргување поради некои рокови за членство со ЕУ и дека е тешко да се промени ставот на земјите членки на Унијата, кои го признаа Косово, бидејќи тие ја бранат политиката [to ја водеа во 90-тите на минатиот век.

– Едностраното прогласување независност е крајот на една таква политика. Тоа е нивна самоодбрана, но, многу ги нервира што процесот не е завршен. Тие мислат дека е невозможно процентот на држави кои го признаа Косово да падне под 100, рече Дачиќ во гостувањето на РТС, истакнувајќи дека е важно за Србија да го задржи бројот на земји кои не го признале Косово.

Кога станува збор за ЕУ и фактот дека пет земји уште не ја признале независноста на Косово, шеф на српската дипломатија истакнува дека и само една земја да е во прашање ќе значи дека нема консензус.

– Затоа, во сите документи на ЕУ, Косово е обележано асиметрично, вели Дачиќ.

Според него, постојат некои рокови за членство во ЕУ и дека „некоја рамковна година е 2025″. – Од наша страна нема каква било трговија поради некои рокови. Не може со нас така да се разговара за витална тема, како што е Косово, вели Дачиќ.

– За нив ќе биде се потешко, а голем број земји размислуваат за своите одлуки, очекуваме еден број земји да го повлечат своето признавање, рече Дачиќ.