„Гугл“ на прво место на највредни брендови
Новата листа на највредните брендови во светот е објавена и првпат на неа се наоѓаат две кинески компании.
Компанијата „Алибаба“ влезе во првите десет највредни брендови и на тој начин и се приклучи на кинеската технолошка компанија „Тенсент“.
На деветото место сега се наоѓа „Алибаба“, основана од Џек Ма, чија вредност двојно се зголеми во однос на минатата година и сега изнесува 113 милијарди долари, откако компанијата почна да работи и со плаќање преку мобилен телефон.
„Тенсент “ се наоѓа на петтото место со вредност од 179 милијарди долари, а во првите десет влезе минатата година. Сега е пред „Фејсбук“.
Таа компанија е специјализирана за онлајн игри, апликации и сервиси за инстант пораки и онлајн плаќања.
Сепак, на прво место и натаму е Гугл, вреден 302 милијарди долари.