Груби: Дебата за Законот за јазици нема да има
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби порача дека може да се најде достоинствено решение за спорот за името без да се менува македонскиот Устав и без решението да биде „ерга омнес“, односно да не биде за севкупна употреба. Груби смета дека тоа е достоинствено решение.
– Со едно такво достоинствено решение македонскиот јазик ќе си остане македонски, истакна тој во синоќешното гостување на телевизија 24.
Груби додаде дека ДУИ смета дека референдум не е потребен, но доколку се одлучи референдум сепак да има, партијата ќе направи се за тој да биде успешен.
Покрај тоа, рече и дека Законот за јазиците ќе се гласа деновиве и дека амандманската дебата е завршена. Тој ворено најави дека дебата за 35.569 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ нема да има.