Градоначалникот на Лондон бара нов референдум за Брегзитот


Градоначалникот на Лондон, лабуристот Садик Кан повика на одржување нов референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, најавувајќи дека го поддржува движењето „Глас на народот“, кое агитира за ново плебисцитарно изјаснување за Брегзитот.

Хан во авторски текст во весникот „Обзервер“ ја критикува конзервативната Влада за начинот на кој ги води преговорите со Брисел за договорот за Брегзит, оценувајќи дека „заканите по животниот стандар, економијата и вработеноста се преголеми, па затоа мора да се слушне и гласот на избирачите“.

Јавната поддршка на Кан за нов референдум за Брегзитот се толкува како притисок врз лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џејмс Корбин да ги поддржи барањата за ново референдумско изјаснување во пресрет на годишната конференција на лабуристите.

Велика Британија, според планираното, треба да ја нашушти Унијата на 29 март следната година, но планот за Брегзит на премиерката Тереза Меј се уште не е одбрен, наидувајќи на противење во редовите на нејзината владејачка Конзерватива партија.

Во исто време, расте и притисокот од страна на синдикатите и асоцијациите на бизнисмените кои бараат конечната одлука за договорот за Брегзит да го кажат Британците на нов референдум.

Меј меѓутоа ги одбива ваквите барања, настојувајќи договорот за Брегзит да биде одобрен само од Долниот дом на британскиот Парламент.